-->
-->
Лапорта се врати на претседателската функција во Барса
-->
Некогашниот прв човек на Каталонците Жоан Лапорта ги доби претседателските избори и на функцијата го наследи Џозеп Марија Бартомеу, кој во октомври минатата година поднесе оставка.
Лапорта по 11 години се враќа на челната позиција во Барселона. Во првиот мандат, од 15 јуни 2003 до 30.јуни 2010), тој освои четири трофеи во Ла Лига, два во Лигата на шампионите, три во Суперкупот на Шпанија и по еден во Купот на кралот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
На изборите гласале нешто повеќе од 110.000 членови на клубот. Лапорта добил 54,28 отсто од гласовите, односно за него гласале 30.184 членови на клубот. Вториот кандидат, Виктор Фонт, добил 29,99 отсто од гласовите, а 8,58 отсто од членовите на клубот гласале за Тони Фреиша.
Лапорта доби мандат да го води клубот до 2026 година. Уште на почетокот на мандатот се соочува со тешка задача, треба да го убеди Лионел Меси да остане во клубот. Во предизборната кампања Лапорта тврдеше дека тој е кандидатот кој ќе го задржи Меси во клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација