Фудбал
1. November 2017 - 17:12

Ланус во финалето на Копа Либертадорес

Фудбалерите на Ланус се пласираа во финалето на Копа либертадорес откако со неверојатен пресврт ја елиминираа Ривер Плата. Ланус надомести гол негатива од првиот меч и со победата 4:2 избори финале во натпреварувањето кое е пандан на Лигата на шампионите.
 
Почетокот на мечот донесе два брзи гола на гостите од Буенос Аирес, кои во 23. минута водеа 0:2 со головите на Скоко и Монтиел.
 
Во финишот на првиот и почетокот на вториот дел домаќинот израмни на 2:2 со головите на Сандо.
 
По еден час игра, Акоста погоди за 3:2, а конечните 4:2 ги постави Силва од пенал.
 
Противник на Ланус во финалето ќе биде победникот од полуфиналниот двомеч во кој играат Гремио и Барселона (Еквадор). По првиот меч бразилскиот тим има предност 3:0.