Бизнис
2. August 2018 - 9:44

Лансирана мобилната апликација „Верна GO“ на Макпетрол АД

За  иновации и подобрување на работата никогаш не е доста. Ова го докажа и компанијата Макпетрол АД која во средата организираше средба со новинарите, на која ја промовираше новата мобилна апликација „Верна GO“.

Средбата ја отвори Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг во Макпетрол АД, кој истакнувајќи ја тенденцијата на компанијата кон развој и иновации, ги информираше новинарите за новата апликација која на корисниците ќе им овозможи транспарентна информација за услугите и производите кои ги нуди Макпетрол АД.

„Макпетрол АД, како и досега, преку вакви и слични проекти го подига нивото на услугата. „Верна GO“ е одличен спој меѓу модерната технологија и транспарентниот систем, наменета за домашните и странските корисници на нашите производи и услуги. Оваа современа и корисна мобилна апликација овозможува потрошувачите да бидат подобро информирани, за да можат полесно да ги планираат своите патувања. Апликацијата овозможува лесно пронаоѓање на најблиската бензинска станица, новости, како и информација за цените на горивата“. - изјави Тасевски.

Игор Јосифов, инженер-програмер во Макпетрол АД, ја презентираше новата мобилна апликација, како и нејзината функционалност и притоа нагласи: 

„Верна GО“ овозможува погодно позиционирање со помош на GPS координати преку кои корисниците ги води до посакуваната бензинска станица на територијата на Македонија. „Верна GO“ апликацијата е достапна за сите корисници на платформите Android и iOS и официјално се download-ира преку сервисите GooglePlay и AppStore. Истата функционира и off line, што значи дека нема дополнителен трошок при нејзиното користење, а јазиците кои се достапни се македонски, албански и англиски. Со кликнување на една од бензинските станици се добива информација за тоа какви горива истата нуди и информација за дополнителни услуги што ги нуди избраната бензинска станица. Дополнително, мобилната апликација на Макпетрол АД ќе ги корисниците информира за сите промоции и програми кои ги нуди компанијата, како од програмата за лојалност Верна, така и од идните програми и промоции кои Макпетрол ќе ги лансира за своите лојални потрошувачи“. – додаде Јосифов.

Креативноста воопшто не изостанува во современиот концепт на Макпетрол АД, а тоа се покажа за време на средбата со новинарите, каде преку проекција ја разгледавме мобилната апликација „Верна GO“ и имавме можност на лице  место да ја вградиме во нашите мобилни телефони.