Македонија
30. May 2016 - 14:16

Лани намален бројот на сторители на кривични дела

Бројот на пријавените, обвинетите и осудените полнолетни и малолетни сторители на кривични дела е намален во 2015 година, споредено со претходната година, информира денеска Државниот завод за статистика.

Во 2015 година во однос на 2014, бројот на пријавените полнолетни лица - познати сторители на кривични дела е намален за 4.4 отсто.

Бројот на осудени полнолетни лица е намален за 11.7 отсто, а на обвинетите лица за 12.8 отсто.

Бројот на пријавени деца во судир со закон - сторители на кривични дела во 2015 година во споредба со претходната година е намален за 20.6 отсто.

Минатата година во споредба со 2014, бројот на осудените деца во судир со закон - сторители на кривични дела е намален за 24.5 отсто.