Лани до Европравда 23 предмети од Македонија
Од назначување на Ленче Ристова, како обвинител за врска меѓу Република Македонија и Европравда, во оваа меѓународна институција е зголемен бројот на предмети од нашата држава, се вели во соопштението на Министерството за правда.
Од таму потенцираат дека денеска министерката за правда Рената Дескоска, оствари средба со претседателот на Европравда, Ладислав Хамран и обвинителот за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска.
На состанокот било разговарано за соработката со Европравда и Годишниот извештај за функционарањето на канцеларијата за врски на Република Македонија во Европравда за 2019 година.
Претседателот на Европравда во своето обраќање презентирал статистички податоци од ноември 2018 година – навака, кои укажуваат на зголемување на соработката откога Република Македонија има свој претставник во Европравда (EUROJUST).
Иако официјално соработката на нашата држава со Европравда започнува во 2009 година, Република Македонија за првпат номинираше јавен обвинител за врски во Европравда во 2018 година.
-Тоа е причината поради која бројот на новоотворени предмети во кои е вклучена Република Македонија е во пораст. Така, за разлика од 2017 година, кога биле отворени само четири нови предмети, во 2018 година, бројот на новоотворени предмети е 11, додека пак во 2019 година, бројот на новоотворени предмети е 23, информираат од Министерството за правда.
Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Република Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.
Министерката Дескоска истакна дека неодамна бил усвоен новиот Закон за Јавното обвинителство кој го зајакнува системот за борба против организиран криминал и корупција со гаранции за независност при одлучувањето и финансирањето и изрази благодарност за досегашната соработка со Европравда.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација