Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото
По повод 28 Април, Светски ден на безбедност и заштита при работа, денеска на иницијатива на Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) беа засадени 33 дрвца во паркот во Општина Лисиче, во чест на 33 работници кои лани го загубија живот на работното место.
Според годишниот извештај за несреќи при работа што Милан Петковски, претседателот на МЗЗПР, го презентираше денеска, Скопје е град со најголем број несреќи, а по него следат Гостивар и Штип. Тој кажа дека годинава во Скопје, Штип и Струмица се случиле најголем број смртни случаи поврзани со работното место.
– Од извештајот, лани се случиле 124 несреќи при работа. Од нив 33 беа фатални. Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 4,34 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат четири до пет вработени. Стапката на смртни случаи при работа е зголемена во споредба со 2017 година, кога изнесувала 3,22. Кога, пак, како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа лани изнесувала 16,33 што покажува дека на секои 100.000 вработени, се повредуваат од 16 до 17 вработени. Споредбено со 2017 година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 18, стапката на повреди лани незначително се намалила, рече Петковски.
Посочи дека лани во вкупно 30 градови во државата се случиле несреќи при работа, а најмногу несреќи има во градежништвото, дејности на домаќинствата како работодавачи и домаќинствата што произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Како што се наведува во Извештајот на МЗЗПР, дејностите на домаќинства како работодавачи во голем дел ги опфаќаат земјоделските работи на своите имоти. Доколку овие лица се регистрирани како земјоделци, тогаш голем дел од повредите би се припишале на дејноста земјоделство. Најголемиот број на несреќи во оваа дејност се случиле со земјоделска машина -трактор, при вршење земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај. Исто така, градежните зафати врз објектите од домаќинството каде што имаше исто така зголемен број на повреди и смртни случаеви, се наведува, покажува дека дејностите во домаќинствата се една од најчестите причини за настанување несреќи при работа.
– Најголем број несреќи што резултирале со смрт има во дејности на домаќинствата како работодавачи. Најмногу несреќи се случиле во месец јуни, во октомври се случиле најголем број на смртни случаи, а најголем број несреќи се случиле на лица на возраст помеѓу 25-34 години. Меѓутоа, најголем број на несреќи со фатален исход има во категоријата на возраст од 45-54 години. Мора да се истакне дека за голем број несреќи нема податоци за возраста, рече Петковски.
Ново на Сител
-
Бугарскиот Парламент повторно заседава во обид да избере претседател
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари
-
Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили
-
Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ
-
Вонредна седница на Советот на Град Скопје денеска во 13 часот
-
ЕУ повика на целосно почитување на договорот за примирје меѓу Израел и Либан