Македонија
25. March 2019 - 16:56

Лани 13 лица починале од туберкулоза

Лани 217 лица во земјава заболеле од туберкулоза, а 13 починале. Иако бројката на новозаболени на годишно ниво се намалува и понатаму најпогодени од оваа болест се младите. Од новодијагностицираните 5  пациенти имале резистентна форма на тбц која потешко се лекува. Од Институтот посочија дека има недостиг на медицински кадар посебно во диспанзерите во Источна Македонија.

- Поради пензионирање на кадарот од диспанзерите за туберкулоза пред се на пневмофизиолозите се наметнува прашањето за иднината на целата мрежа на оваа служба на ниво на државата, изјави Арбен Љабеништа, Директор на Институтот за туберкулоза.

Професорите од Институтот сметаат дека проблемот може да се надмине ако и интернистите ги вклучат во третманот на пациентите со тбц.

- Лекарите интернисти ќе треба да ги преземат овие обврски и во својата работа би се занимавале и со проблемите кои ги носи туберкулозата. Најголем проблем околу организациската поставеност постои во источниот дел на државата каде е најмал бројот на болните. Изјави проф.д-р  Билјана Илиевска Попоска од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

После 15 години финансирање на програмите за Хив и Туберкулоза од годинава државата има обврска да обезбедува превенција и терапија за болните.