Ламборџини повлекува илјадници возила поради опасност од запалување
Италијанскиот производител на автомобили Ламборџини повлекува илјадници „суперавтомобили“ вклучително и многу реткиот модел Венено, поради опасност од пожар.
- При одредени услови на возење, со полн резервоар, бензинот може да дојде во контакт со системот за издувни гасови, што може да го зголеми ризикот од пожар, се посочува во соопштението издадено од американската Национална управа за безбедност во сообраќајот.
Автомобилската компанија соопшти дека имаат информации дека се запалиле седум возила ширум светот.
Повлекувањето важи и за 12 продадени возила Венено, чија цена варира од четири до 4,5 милиони долари. Ќе бидат повлечени и 5.900 автомобили Авентадор, чија почетна цена е 400.000 долари.
Ламборџини е во сопственост на групацијата Волксваген, неодамна објави рекордна глобална продажба за 2016 година, кога се продадени 3.457 автомобили. што е за седум проценти во според со 2015 година.
Ново на Сител
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков
-
Силјановска убедливо води во собрани донации