Фудбал
27. March 2018 - 11:33

„Лалињата“ убедливо против Португалија

Холандија успеа да ја „разбие“ Португалија со 3:0 што е прва  победа под водство на новиот селектор Роналд Куман .

Кристијано Роналдо ги спаси Португалците од пораз против Египет со два гола по 90-тата минута за 2:1 победа, но овој пат ѕвездата на Реал Мадрид беше немоќна против разиграните „лалиња“.

Португалците ги начна Мемфис Депај уште во 11. минута, пред Рајан Бабел да го зголеми водството во 39. минута за во финишот на полувремето, новиот капитен на Холандија, дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк, да се запише во листата на стрелците.

Холандија, за разлика од Португалија, не успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, второ големо натпреварување по Евро 2016 на кое „лалињата“ паузираат.