Џет-Сет
7. November 2019 - 15:23

Лајонсгејт го најави и „Џон Вик 5“

Додека „Џон Вик 4“ е сè уште во претпродукција, филмската компанија Лајонсгејт го најави и петтиот дел од серијалот.

Приказната за немилосрдниот одмаздник има милиони обожаватели низ цел свет, а трите досегашни филма, сите имаат оценки над 7,4 / 10 на ИМДБ. Заработката од кино-влезници пак, вкупно изнесува 600 милиони долари.

Насловната улога и во четвртиот дел, како и во претходните, ќе ја има Кијану Ривс.

Премиерата на „Џон Вик 4“ е закажана за 21 мај 2021 година.