Македонија
5. May 2016 - 21:53

Он лајн курсот или електронско учење е иновативен пристап за вработените

Он лајн курсот или електронско учење е иновативен пристап за вработените и менаџментот во ЈКП-ја кој им овозможува на подобар начин да ги осознаат своите потенцијали, но истовремено да знаат како да ги одржуваат постоечките системи, се со цел на корисниците да им бидат обезбедени најдобри можни услуги. Оваа тема ги обедини 50-тината преставници од општините и ЈКП-ја од земјите од ЈИ Европа на заедничка маса во Белград, за да се запознаат со функционирањето на е-курсот.

Тој курс ќе им стои на располагање на вработените во општините и ЈКП-ја и ќе трае од 6 до 8 недели. Како резултат на тој курс тие ќе добијат сертификати, кои ќе им користат понатаму во нивниот професионален развој-изјави Јелена Јаневска, НАЛАС

Специфичната цел на он лајн курсот е да се претстави концептот, односно да се сфати дека се работи за мултидисциплинарна област која ги опфаќа финансиските, инистуционалните, техничките и правните аспекти за управување со имотот.

Што е најважно, тоа ќе биде платформа за размена на искуства помеѓу земјите учеснички и запознавање со примери на добри пракси од регионот и целиот свет- изјави Мирјана Стојановиќ, модератор

Корисниците имаат можност да се запознаат со алатите, инструментите и новите техники за управување со имот.

Предноста на курсот е во тоа што може да се посетува од секаде и во било кое време-стенд ап-новинар

Партиципиентите на настанот пак се обучуваат да бидат идни модератори и инструктори.

Понатаму тоа знаење, таа информација да ја дисеминираат до комуналните претпријатија и општините во регионот-изјави Миодраг Колиќ, проект менаџер –НАЛАС

Вториот проект за кој се дикутираше на денешната средба е бизнис моделот за управување со имот. Тоа е софтверска алатка која овозможува да се изврши увид во ресурсите со кои располага ЈП-је и врз основа на тоа да се изгради план за нивно одржување и обновување преку инвестиции.

Вложувањето во одржувањето на волку вредниот имот е од огромно значење, како за денешните генерации, така и за идните кои ќе дојдат после нас и кои и понатаму ќе ги користат услугите, односно здрава вода за пиење во доволни количини-изјави Миодраг Глушчевиќ, шеф на одд. за комуналии, урбанизам и животна средина, Постојана конференција на градови и општини во Србија

Сите продукти развиени со Asset management проектот ќе бидат дисеминирани преку мрежата на НАЛАС во сите локални самоуправи во регионот за подобрување на услугите кон граѓаните-изјави Оливер Начевски-проект менаџер ГИЗ ОРФ ММСПроектот е финансиски поддржан преку ГИЗ –Отворениот регионален фонд за модернизација на општинските услуги.