Балкан
4. May 2018 - 9:10

Лајиќ: Можно е укинување на роамингот за сите земји од Западен Балкан

На самитот на ЕУ- Западен Балкан во Софија, што ќе биде одржан на 17 мај, може повторно да биде активирана иницијатива и потпишан договор за укинување на роаминг на сите земји од Западен Балкан. Тоа го изјави за Танјуг српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Лајиќ.

- Ние пред три години потпишавме договор со Македонија, БиХ и Црна Гора. Сега и Косово и Албанија сакаат да се приклучат кон тој договор да имаме укинат роаминг на просторот на Западен Балкан, вели Лајиќ.