Свет
15. јуни 2021 - 10:48

Лајен: Вo ЕУ над 300 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Твитер напиша дека во Европска унија повеќе од 300 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19.

– Сeкојдневно се приближуваме кон нашата цел: да се испорачаат доволно дози за вакцинација на 70 проценти од возрасните во ЕУ во следниот месец, истакна Лајен.