Loading Video...
Свет
8. March 2021 - 12:22

Лајен: Од април очекуваме околу 100 милиони вакцини месечно за жителите на ЕУ

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен очекува од април околу 100 милиони дози вакцини месечно да бидат достапни за жителите на унијата. Во интервју за виенскиот дневник „Стандард“ таа предупредува и на предвремениот оптимизам поради новите мутации на вирусот, додавајќи дека постојните вакцини делуваат добро, но оти е можно во секој момент да се појави нова мутација која може да биде отпорна на сегашните вакцини. Рече дека е потребно да се скрати процесот на одобрување на вакцините и смета дека тоа е можно преку побрза размена на податоци.

А официјалните претставници на Европската Унија за лекови ги предупредуваат членките на ЕУ да се воздржат од давање на национално одобрување за руската вакцина Спутник против Ковид-19, додека не се утврди нејзината безбедност. Наспроти ова, Италија е нова членка на ЕУ која највува можност за производство на Спутник. 

Словенија ќе им дозволи да работат на кафулињата и рестораните со полно работно време во два региони кои изминатиот период регистрираа намалување на новозаразените лица од Ковид-19. Пробниот период ќе трае 7 дена. Ќе бидат отворени и средните училишта, така што една група ученици ќе доаѓаат во образовните институции, а другата половина ќе следи часови на интернет од дома и тоа ќе се менува при што група ученици кои одат на училиште треба да носат заштитни маски. 

Главниот предводник на Брегзитот Најџел Фараш објави дека се повлекува од политиката. Лидерот на евроскептичната партија Независно обединето кралство беше иницијатор на референдумот кој резултираше со отцепување на Британија од ЕУ. Исходот е отцепување на Северна Ирска од Велика Британија и ужасната ситуација на нашите индустриски ривали, но кога станува збор за вакцинациите и трговските договори што ги склучивме низ целиот свет ние ги гледаме придобивките од Брегзитот, а ЕУ си се потсмева сама со себе, рече Фараш. Велика Британија конечно го напушти европскиот блок минатата година откако во декември заврши преодниот период.