Македонија
19. јуни 2019 - 16:12

Лајчак: Ниту една држава не беше против датум за преговори со Северна Македонија

Почетокот на преговорите со ЕУ е одложен поради технички причини, вели словачкиот шеф на дипломатијата  и престедавачот на ОБСЕ. Лајчак тврди  дека самиот бил сведок на позитивната атмосфера во  Луксембург  кога се зборувало за датумот за македонија, но пради гласањето во Бундестагот, одлуката е одложена.

Немаше ниедна земја членка која што рече „не“ за Северна Македонија. Земјите членки имаа проблем со Албанија и ова е дилема со која мора да размислуваме и да се справиме со неа. Има една резолуција од Холандскиот парламент, која што вели дека тие се против покана за Албанија и мислам дека во овој период до октомври треба да биде искористен од страна на Владата во Тирана да се справи со таквата загриженост која постои во земјите членки во врска со нив. Тие рекоа дека ова не е време за проширување, треба да се фокусираме на Брегзит и на консолидација, но преовладувачкото мнение е дека вашата земја направи одлични нешта со Преспанската спогодба и заврши одлична работа со реформите и сега е наша одговорност да го завршиме нашиот дел од домашната задача и да ви упатиме покана. Очекувам да се материјализира во октомври, рече Лајчак.

Цел на македонската влада е подготвена  да ги започне преговорите во декември годинава, вели министерот Димитров.

Сакавме тоа да биде пред одморите бидејќи секое одложување носи непредвидливост, но од наша страна нема да бидеме понеспремни и во септември и во октомври. Ние ќе бидеме предвидливи, ќе работиме на СЈО и ќе бидеме во ситуација да се каже не, а беше тешко и сега. Конечно се работи само за почеток на нашиот пат. Ние не сме спремни денес или утре да станеме земја членка, но сме апсолутно спремни на рамен терен да се натпреваруваме кој ќе биде поуспешен во реформите со нашите пријатели од Подгорица или Белград, рече Димитров.

Димитров предупреди дека одлагањето на прегворите го  нарушува кредибилтетот на Унијата која треба да го исполни она што го ветила. Министерот порача дека процесот на проширувањето ке ја направи Унијата не само поголема, туку и поцврста.