Лајчак: Да започнат, без задоцнување преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија
Потребата Македонија и Албанија веднаш да започнат пристапни преговори со Европската унија, ја истакна специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, за време на неговото учество на шестиот „Thessalonik summit“ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
-За мене прашањето не е дали, туку кога, а како прв чекор, би препорачал да започнат, без задоцнување, пристапните преговорите со Албанија и Македонија и да се испорача безвизен режим за граѓаните на Косово, рече Лајчак и додаде дека ова е важно за регионот да ја гледа ЕУ како „сериозен, кредибилен и веродостоен партнер“.
Говорејќи за последните случувања во Македонија, Лајчак објасни дека оставката на премиерот Зоран Заев е затоа што Европската унија не успеа да го исполни нејзиниот дел ветувањето, а ЕУ, според него „загуби еден од најдобрите партнери во регионот“, што е и знак дека Унијата треба да дејствува.
-Премиерот Зоран Заев ги загуби изборите, бидејќи не можеше да го исполни неговото ветување до граѓаните за почеток на пристапни преговори со Европската унија, а неговото ветување не го исполни, не затоа што тој не го заврши неговиот дел, туку будејќи ние, Европската унија, за жал не можевме да го исполниме нашиот дел. А како последица на тоа, загубивме партнер кој беше многу лојален на европската идеја и многу конструктивен и посветен, еден од најдобрите партнери во регион. За мене ова е јасен сигнал дека регионот не може да чека на нас и е време ние, Европската унија да дејствуваме, бидејќи во спротивно ќе губиме уште повеќе проевропски партнери, истакна Лајчак.
Се наврати на солунската агенда од 2003 година велејќи дека сега, 18 години подоцна само Хрватска стана полноправна членка на ЕУ, а од останатите шест само две преговараат, а другите четири уште чекаат да почнат.
-Мислам дека ова не реалноста што нашите претходници ја предвидуваа во 2003, истакна Лајчак.
Според него, целосната интеграција на Западен Балкан, „што значи полноправно членство на Западен Балкан е единствениот логичен пат напред“, објасни дека и во интерес на ЕУ е регионот да ги дели европските вредности.
-Подобро е да ги извезуваме нашите вредности, отколку да увеземе нестабилност од регионот, порача специјалниот ЕУ претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ставот дека местото на Западен Балкан е во Унијата го поткрепи и со фактот дека постојат предизвици што не познаваат граници, како што се климатските промени, енергетската криза,миграцијата, КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено