„Лајбах“ би настапувале на инаугурацијата на Трамп
Словенечката група „Лајбах“ соопшти дека е подготвена да настапува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со што, според нив, тој би го решил наводниот проблем со неможноста „да најде ѕвезди за настап на инаугуративната церемонија“.
- За Трамп мислиме се најдобро. Досега постои само интернационална иницијатива на нашите фанови, кои по пат на интернет не канат да настапуваме. Ние би пееле на инаугурацијата на Трамп ако не поканат, соопшти „Лајбах“.
На Твитер веќе е покрената акција со која се бара од Трамп да ја покани словенчката група „Лајбах“ да настапи на претседателската инаугурација на 20 јануари.
Пред неколку дена американски медиуми објавија дека Трамп не може да најде „ѕвезди од А листата“, кои ќе настапуваат на церемонијата на негово стапување на претседателската функција. Досега наводно Трамп бил одбиен од Елтон Џон, затоа што тој не се согласува со неговите ставови и со политиката која планира да ја спорведе. Има гласини дека Трамп е подготвен на музичарите да им плати десет милиони долари за настап.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето