Македонија
10. јуни 2017 - 17:20

„Ладна“ трета година ќе ги испрати најталентираните дечиња во „Дизниленд“ во Париз

Ладна трета година по ред  ги испраќа во Дизниленд  двајцата најталентирани меѓу младите уметници кои учествуваа  на конкурсот „ Животните и водата“.  4 годишната Марта од Прилеп и 9 годишната Јана од Кочани со своите семејства ќе отпатуваат на три дена  во најзабавниот детски парк во Париз каде живеат најобожуваните цртани херои. 

Натпреварувањето беше  поделено во две категории, деца на возраст од 4 до 7 години и од 7 до 10 години. Стручното жири имаше многу тешка задача да избере по три најубави цртежи од двете категории на Ладна конкурсот.

Добитниците на вторите места добија годишни курсеви за цртање а третите двајца добија таблети за цртање.

Сите ликовни творби на најмлаите уметници беа изложени во мултимедијалниот центар  Мала станица каде се одржа голема забава за сите дечиња со изведбите на детскиот хор Поточиња.