Фудбал
16. March 2020 - 10:11

Лацио заинтересиран за Ловрен

Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен може да се пресели во Рим, објави „Спорт Медијасет“. Раководството на Лацио е сериозно заинтересирано да го донесе на „Олимпико“ играчот чиј договор со премиерлигашот му важи до летото 2021 година.

„Црвените“ за 30-годишниот Ловрен бараат оштета од 15 милиони евра.

Хрватскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2014 година. Тој досега има над 100 натпревари за клубот. Во 2018 година со Хрватска го освои второто место на Светското првенство. На 14 средби од тековната сезона, тој има еден гол и една асистенција.