Македонија
28. July 2016 - 17:29

Лабуристичките гласачи повеќе и веруваат на Тереза Меј отколку на Корбин

Британците кои традицонално гласаат за Лабуристичката партија, повеќе и веруваат на новиот премиер и лидер на конзервативците, Тереза Меј, отколку на својот лидер Џереми Корбин, покажува испитувањето на мислењето што е направено меѓу британските лабуристи.

Големо мнозинство од лабуристичките гласачи сметаат дека Меј е подоброто решение за Велика Британија, како премиер, отколку Корбин, за кого не веруваат дека би можел успешно да ја предводи земјата.

Податоците од истражувањето доаѓаат во време кога во опозициската Лабуристичка партија се води „граѓанска војна„ околу тоа дали да остане актуелниот лидер, левичарот Корбин, кој се уште нема една година како беше избран на таа функција или да се избере нов, со кого партијата би можела да се појави на следните парламентарни избори.

Корбин одбива да поднесе оставка, па се очекува разрешницата да се случи на есенската партиска конференција, на која ќе се гласа за довербата на актуелниот лидер, за чија функција веќе има противкандидати.

Корбин ја нема подршката на пратеничката група на лабуристите кои гласаа за неговотоо сменување, а десетина членови во Владата во сенка на опозициската партија демонстративно поднесоа оставки.

Според политичките аналитичари во Лондон, доколку Корбин остане лидер на лабуристите, тоа ќе и ја олесни работата на Тереза Меј да побара предвремени избори, на кои лесно би победила.

Со предвремените избори, Меј ќе сака да го овери својот мандат како лидер на сега владејачката партија, а не во следните години до 2020, кога треба да се одржат редовните избори, таа само да го отслужува мандатот на Дејвид Камерон, што тој и го остави со оставката по поразот на референдумот за ЕУ од 23 јуни.