Фудбал
26. November 2016 - 10:33

Ла лига: Лесна победа за Еибар

Фудбалерите на Еибар остварија лесна победа на стартот од 13. коло совладувајќи го Бетис со 3-1.

Работата на домаќинот му ја олесни исклучувањето на Пичини во 17м. 
Потоа следуваше водство од 2-0 преку Леон и Енрик до крајот на првиот дел. 
Гостите се вратија во игра со голот на Кастро во 84м но неизвесноста траеше до 92м кога Кике ги реши сите дилеми.