КЗБ предлoжи воведување полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.
Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.
Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.
Владата на РМ на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите