Тенис
12. July 2017 - 17:37

Квери го елиминира Мареј од Вимблдон

 Сем Квери по голема борба го елиминира првиот рекет и бранител на трофејот на Вимблдон, Енди Мареј во четвртфиналната рунда на неофицијалното Светско тениско првенство.
 
Во мечот кој траеше 2 часа и 41 минута, Американецот Квери иако во два наврати имаше негатива откако Мареј го освои првиот и третиот сет со 3-6 и 6-7, сепак 24-то рангираниот тенисер на Вимблдон, успеа да се избори за решавачки петти сек, добивајќи ги вториот и третиот сет со 6-4 и 6-1. 
 
Квари до своето прво полуфинале на Вимблдон стигна со добиениот пети сет и тоа убедливо со 6-1, за конечни 3:2 во сетови.