Ракомет
28. January 2016 - 16:55

Квалитетот на Вардар доминира на ЕП во Полска

Петмина ракометари на Вардар  кои настапуваат на ЕП во Полска, викендов ќе се борат за медал. Сите ќе играат во полуфиналето, а интересно е што тие ќе играат меѓусебе.
 
Во полуфиналната пресметка меѓу Шпанија и Хрватска, во сабота во Краков на теренот ќе излезат Арпад Штербик, Хорхе Македа и Алекс Душебаев во дресот на Шпанија, а за репрезентацијата на Хрватска ќе играат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
 
Во најинтересниот и „најлуд" натпревар на првенството, Хрватска направи огромно изненандување победувајќи го домаќинот во последното коло од главната фаза со 37-23, со што се пласираа меѓу четирите најдобри екипи. Претходно во прилог на Хрватска и одеше и фактот што Норвешка ја елиминираше Франција. Шпанија во последниот меч од групната фаза што се играше во Вроцлав ја победи Русија со 25-23.
 
За екипата на Русија настапија и „вардарците", Тимур Дибиров, Сергеј Горбок и Данил Шишкарев. Русија го освои 9 место на ЕП. Претходно од прелиминарната фаза беше елиминирана и Србија, за која настапуваа Мијајло Марсениќ и Илија Абутовиќ.