Фудбал
10. October 2016 - 9:50

Квалификации за СП: Шпанија победи во Скадар

Девет натпревари од групите Д, Г и И се одиграа во текот на вчерашниот ден од квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија 2018 година.
 
По трите рунди нема ниту една селекција со максимални девет бода.
 
Резултати и табели:
 
Д група: Србија – Австрија 3:2, Велс – Грузија 1:1, Молдавија – Република Ирска 1:3.
Табела: Србија 7 бодови, Република Ирска 7, Велс 5, Австрија 4, Грузија 1 и Молдавија 0.
 
Г група: Израел – Лихтенштајн 2:1, Македонија – Италија 2:3, Албанија – Шпанија 0:2. 
Табела: Шпанија 7, Италија 7, Албанија 6, Израел 6, Македонија 0, Лихтенштајн 0.
 
И група: Финска – Хрватска 0:1, Украина – Косово 3:0, Исланд – Турција 2:0.
Табела: Хрватска 7, Исланд 7, Украина 5, Турција 2, Финска1, Косово 1 бод. 
 
Вечер ќе се играат девет натпревари од 3.коло во други три групи.