Фудбал
14. јуни 2017 - 11:13

Квалификации за СП 2018: Кикс на Јапонците

 
 
Јапонската фудбалска репрезентација пропушти шанса да се одлепи од конкурентите во во квалификациите за Светското перевенство во Русија 2018 година. 
 
Јапонците кои се лидери во Б групата од Азиските квалификации на гостувањето во Техеран одиграа 1-1 против во дуелот од 8.коло. 
 
Иако со голот на Јуја Осако уште во 8.минута Јапонија поведе со 1-0 сепак, не успеа да ја сочува предноста и да ги освои трите бодови бидејќи Махди Камил во 72.минута го израмни резултатот на 1-1. 
 
Од азискиот континент досега единствено пласман на Мунидјалот во Русија има обезбедено селекцијата на Иран
 
Комплетни резултати и табели по одиграните натпревари од 8.коло:
 
А група: Иран – Узбекистан 2-0, Сирија – Кина 2-2 и Катар – Јужна Кореја 3-2. 
Табела: Иран 20 бодови, Јужна Кореја 13, Узбекистан 12, Сирија 9, Катар 7 и Кина 6. 
 
Б група: Австралија – Саудиска Арабија 3-2, Тајланд – Обединети Арапски Емирати 1-1 и Ирак – Јапонија 1-1. 
 
Табела: Јапонија 17 бодови, Саудиска Арабија 16, Австралија 16, Обединети Арапски Емирати 10, Ирак 5 и Тајланд 1.