Спорт плус
16. March 2020 - 19:53
Kвалификации за ЛОИ: Елиминиран и Јанески
По Јасин Љама и вториот македонски претставник на боксерските квалификации во Лондон , Гоце Јанески ги загуби шансите да учествува на ЛОИ во Токио
Гоце Јанески настапи во категоријата до 75 килограми и е поразен со технички нокаут уште во првата рунда од Шпанецот Мигел Ентрера кој беше многу подобро подготвен и тргна во офанзива од самиот старт.
Нашиот претставник го прифати предизвикот и делуваше рамноправно се до средината на рундата кога беше изненаден од противникот со силен и прецизен удар што судијата во рингот го броеше како нокаут и ја прекина борбата.
Да потсетиме дека вчера Јасин Љама исто така во меч со прекин беше елиминиран од гркот Цаникидис.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->