-->
-->
Квалификации за ЕП: Убедлив пораз од Естонија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација доживеа фијаско на првиот квалификациски меч за Евробаскетот 2021, откако дозволи Естонија да направи неверојатна предност од 22 поени на полувреме, предност која беше недостижна и на крајот резултираше со пораз од 81:72. Во нашата група Б, уште се и кошаркарските велесили Русија и Италија.
Почетокот на мечот беше ужасен за тимот на Александар Тодоров, откако Естонците поведоа со 16:9, пред со малку подобра игра да се стигне до 18:20 по првите 10 минути. Втората четвртина беше катастрофална – Естонците лесно поминуваа низ нашата одбрана, а ние бевме катастрофални во нападот, што покажува фактот дека дадовме само пет поени за десет минути. Разликата од 22 поени беше недостижна на крајот и покрај подобрената игра во второто полувреме.
Војдан Стојановски со 26 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, додека по 15 имаа Ненад Димитриевиќ и Шејн Витингтон. Кај Естонците, Кристијан Куламае беше енигма за нашиот тим со дури 31 постигнат поен.
Во другите мечеви од квалификациите, Србија во првиот меч под водство на новиот селектор Игор Кокошков стигна до 80:58 победа на гости кај Финска, Шпанците со 81:74 славеа на гости кај Романија, додека Унгарците ги шокираа Словенците со тесна 77:75 победа обезбедена во последната четвртина.
ЕВРОБАСКЕТ, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Македонија – Естонија 72:81 (18:20, 5:20, 23:15, 26:21)
Италија – Русија 83:64 (26:24, 15:9, 21:18, 21:13)
ГРУПА А
Романија – Шпанија 71:84 (18:21, 16:23, 19:20, 18:20)
Полска – Израел 71:75 (12:21, 27:16, 14:18, 18:20)
ГРУПА Е
Финска – Србија 58:80 (10:19, 14:18, 13:23, 21:20)
Грузија – Швајцарија 96:88 (17:8, 25:21, 16:24, 21:26, 17:9)
ГРУПА Ф
Унгарија – Словенија 77:75 (16:16, 16:20, 17:18, 28:21)
Австрија – Украина 73:88 (17:22, 22:22, 9:20, 25:24)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација