Loading Video...
Спорт плус
19. August 2018 - 18:26

Квалификации за ЕП: Македонија загуби добиен меч со Украина

Македонската одбојкарска репрезентација  загуби речиси добиен меч против Украина во рамките на квалификациите за следното ЕП. 
 
Нашите репрезентативци добро го започнаа мечот  и успеаја по голема борба со пресврти особено во вториот сет да поведат со 2-0 и од тука почнува пресвртот во играта што на украинците им го носи третиот сет но и следните два за триумф од 3-2. 
 
Селекторот Никола  Матијашевиќ им ја честиташе победата на гостите и причината ја најде во заморот на нашиот тим кој одигра 5 сета и во Унгарија и недостатокот на квалитетни играчи од клупата за разлика од Украинците кои заменија 4 играчи со цел да ги одморат стартерите. 
 
Следниот натпревар го играме против  Швајцарија на 22.08 во Скопје.