Ракомет
12. јуни 2019 - 19:42

Квалификации за ЕП: Македонија славеше во Турција

Нашите најдобри ракометари извојуваа тешка победа од 26-25 на гостувањето во Ескишехир против домашната Турција со што само го потврдија пласманот на следното ЕП. 

Мечот започна одлично за нашите ракометари но во финишот од првиот дел дозволивме Турција да се разигра и да го сврти резултатот во своја корист па домашните на пауза заминаа со предност од 13-11. 
И во вториот дел Турците долго водеа се до 54м кога успеавме да го вратиме водството и на крајот да го претвориме во победа иако во последната секунда домаќинот од прекин можеше да спаси пораз. 
Останува уште дуелот со Грција во Скопје.