Loading Video...
Фудбал
21. March 2019 - 19:46

Квалификации за ЕП: Казахстан ја изненади Шкотска

Квалификациите за ЕП 2020 донесоа големо изненадување на стартот. За тоа се погрижи селекцијата на Казахтстан која оствари убедлива победа од 3-0 против фаворитот Шкотска во групата во која играат уште и  Белгија, Кипар, Русија и Сан Марино.  Средбата во Астана домашните ја отворија уште во 6-тата минута со погодокот на Јури Перцук.  Големата радост на домашните фанови  ја обезбеди Јан Вороговски кој веќе во следниот напад зголеми на 2-0.

И додека Шкотска се обидуваше да фати резултатски приклучок  Зајнудинов изненади со нов погодок во 31-та минута за Казахстан што на крајот беше убедлива победа за селекцијата која може да биде пријатно изненадување во оваа група.