Фудбал
23. May 2017 - 10:58

Квадрадо потпиша за Јувентус до 2020 година

Колумбиецот Хуан Квадрадо ќе остане во редовите на Јувентус се до 2020 година. Ова и официјално го потврди актуелниот италијански шампион во соопштението објавено на својата интернет страница. 
 
- Јувентус може да потврди дека комплетно го откупи Хуан Квадрадо од Челзи. Трансферот ќе чини 20 милиони евра кои ќе бидат платени на три рати почнувајќи од 2017/2018, стои во соопштението на Јувентус. 
 
28-годишниот колумбиски фудбалер кој изминатите две години во Јувентус настапуваше како позајмен играч од Челзи, оваа сезона одигра вкупно на 40 натпревари и постигна три гола