Ракомет
15. February 2019 - 15:04

Кузмановски верува дека Еурофарм Работник ќе слави против Татабања во дуел од ЕХФ Купот

Ракометарите на Еурофарм Работник во недела ги очекува нов настап на меѓународната сцена. Битолскиот тим пред својата публика во Битола, против Татабања ќе го игра вториот натпревар од групната фаза во ЕХФ купот. 
 
Играта прикажана на гостувањето во Германија, каде загубија од Хановер, како и поразот на Татабања од Нексе пред својата публика, во првото коло, се причина повеќе за ракометарите на Еурофарм Работник да веруваат дека против унгарскиот тим може да ја остварат првата победа.
 
Македонскиот репрезентативец. Филип Кузмановски, верува дека со подршка од публиката, Татабања може да се победи. 
 
„Да бевме малку поискусни ќе извлечевме и нешто повеќе во Хановер. Но, за нас тој меч е минато и сега мислиме само на Татабања. Квалитетен и искусен тим се, сите скоро се двометраши и нема да ни биде лесно. Имаме одлична атмосфера, напорно работиме и со помош на публиката верувам во позитивен резултат“, изјави Кузмановски. 
 
Дуелот меѓу Еурофарм Работник и Татабања кој на програмата е в недела ќе започне во терминот од 19 часот