Македонија
6. March 2020 - 15:15

Кузмановска: Опаѓа бројот на заболени од сезонски грип

Епидемиологот Гордана Кузмановска денеска изјави дека во наредните недели, и покрај тоа што станува збор за вирус што е многу непредвлидив, емидемиолозите очекуваат намалување на бројот на заболени од сезонски грип.

– Бројот на заболени од сезонски грип опаѓа. Оваа недела се регистирирани околу 4.900 лица. Првпат после зголемувањето на бројот на заболени, бројот се намалува. Веќе паѓа активноста на вирусот и сега е отприлика на таканаречено ниво на средна активност, посочи Кузмановска.

Таа наведе дека вкупниот број на заболени лица, за целата сезона од почетокот, па до сега,  е 27.017 заболени, а наголем број на заболените припаѓаат на онаа најшироката возрасна група – од 15 до 64 годишна возраст.

– Во однос на дистрибуцијата на заболени по месеци во сезоната на грип, февруари е месец кога имаме најголем број заболени, значи повеќе од 74 проценти од заболените се регистрирани во последниот месец, истакна Кузмановска.

Таа посочи дека во минатата година, во споредба со оваа имало поголем број заболени

– Но треба да имаме предив дека лани подоцна беше регистриран врвот и подоцна беше регистрирано опаѓањето. Во однос на онаа средна вредност или просек за последните девет сезони сегашниот број е накаде повеќе од 26 проценти од просекот, рече Кузмановска.