Кузмановска: Опаѓа бројот на заболени од сезонски грип
Епидемиологот Гордана Кузмановска денеска изјави дека во наредните недели, и покрај тоа што станува збор за вирус што е многу непредвлидив, емидемиолозите очекуваат намалување на бројот на заболени од сезонски грип.
– Бројот на заболени од сезонски грип опаѓа. Оваа недела се регистирирани околу 4.900 лица. Првпат после зголемувањето на бројот на заболени, бројот се намалува. Веќе паѓа активноста на вирусот и сега е отприлика на таканаречено ниво на средна активност, посочи Кузмановска.
Таа наведе дека вкупниот број на заболени лица, за целата сезона од почетокот, па до сега, е 27.017 заболени, а наголем број на заболените припаѓаат на онаа најшироката возрасна група – од 15 до 64 годишна возраст.
– Во однос на дистрибуцијата на заболени по месеци во сезоната на грип, февруари е месец кога имаме најголем број заболени, значи повеќе од 74 проценти од заболените се регистрирани во последниот месец, истакна Кузмановска.
Таа посочи дека во минатата година, во споредба со оваа имало поголем број заболени
– Но треба да имаме предив дека лани подоцна беше регистриран врвот и подоцна беше регистрирано опаѓањето. Во однос на онаа средна вредност или просек за последните девет сезони сегашниот број е накаде повеќе од 26 проценти од просекот, рече Кузмановска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација