Кузеска: Пецаков треба да одговара за непочитување на здравствените протоколи и свесно ширење зараза
Скандалозно и крајно неодговорно е однесувањето на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков.
Наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за Ковид 19, градоначалникот на Охрид се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни.
Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори.
Ова не е само непочитување на одредбите и законите. Ова скандалозно однесување на Пецаков е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица.
Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф.
Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецакоцски?
Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити?
Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани?
Почитувани,
Пецаковски не треба да бара изговори со манипулации, за некакво скијање во Банско, туку да одговара.
Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Демонстрантите заиграа оро пред Влада | ВИДЕО
-
Маричиќ: „Добредојдовте во Европската Унија“, беше поздравот на нашите пријатели од Ирска и Финска
-
Девојка бакна полициски штит: Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата
-
СДСМ: Вечерва јавноста во обид за повторување на упадот од 27 април 2017, осуда за насилството на протестот
-
Апасиев: Од Влада до Собрание - против врховистите на власт!
-
Демонстрантите ја урнаа оградата пред Собранието
-
Трајанов: Да се направат напори да не биде дел од преговарачката рамка се што е наметнато од бугарска страна
-
Учесници на протестот фрлаа јајца, шишиња и цвеќе кон Владата