Македонија
28. May 2020 - 12:26

Кузеска: Наќе Чулев поттикнува ургенции и го руши интегритетот на МВР

Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се' да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза, затоа што се исплашени од изборно соочување.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека нивното крајно неодговорно, несериозно и незрело однесување, посебно за време на тешката криза поради коронавирусот, ќе биде казнето од граѓаните и Мицкоски ќе остане запаметен како политичар кој се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните.

Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше на Водно.

За сето тоа време, на техничкиот министер Наќе Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата.

Како во времето на МВРО ВМРО, Мицкоски, заедно со Наќе Чулев,  ја злоупотребија МВР и целосно ја ставија во служба на партијата, спроведувајќи штетни насоки.

Последен доказ за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри во преодната влада е синоќашната изјава на Чулев дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги.

Со таквата изјава Чулев го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци. Ова е уште повеќе опасно ак се има предвид дека Мицкоски не е било кој туку предводник на политичка партија.

Уште еднаш по којзнае кој пат се потврдува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најважни се личните агенди и теснопартиските интереси.

Таква деструктивност е недозволива. И токму затоа, изборите се решение, а не проблем.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада, со целосен легитимитет, институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите и заштита на здравјето на граѓаните - особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.

Здравјето и квалитетот на живот на граѓаните се најважни и затоа е потребен целосно функционален демократски институционален систем