Македонија
7. March 2021 - 13:31

Кузеска: Мицкоски нема капацитет за заедништво, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со блокади и да застанат на страната на граѓаните

Губитникот Христијан Мицкоски, главниот кочничар на сите процеси кои ја носат државата напред, реди порази во низа.

Мицкоски многупати покажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту сака да придонесе за доброто на државата.

Слепо воден од наредбата да го брани криминалот на Мијалков и на Груевски,  Мицкоски од петни жили ја кочеше правдата во државата. Им служеше на тие кои го поставија.

Застана против Законот за Јавно обвинителство, против правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа. Мицкоски беше поразен, патот на правдата е чист, изречени се и судски пресуди.

Мицкоски работеше против референдумот и се обиде да го закочи напредокот кон НАТО, кон ЕУ. И повторно беше поразен. Станавме 30 земја членка на НАТО, Мицкоски не успеа.

Мицкоски ќе остане запаметен како единствен, осамен, во македонското Собрание кој не ракоплескаше на големиот успех кога Република Македонија стана 30-та земја членка на НАТО.

Преку своите министри и заменици министри во техничката Влада, Мицкоски работеше на штета на институциите кои се бореа со вирусот.

Ниту во време на светска здравстена криза, кога државата почнува да живее тешки денови, Мицкоски не покажа капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и придонес за државата.

Напротив. Мицкоски правеше се да ги поткопа напорите на здравствените работници, на надлежното министерство, на Владата, ширејќи лажни вести со цел да создаде паника кај населението.

Граѓаните му испорачаа пораз на парламентарните избори но и на локалните избори во Штип.

Дрско и кукавички седејќи во белата палата, го злоупотребува Собранието преку своите пратеници, да ги кочи сите важни проецеси за иднината на државата. И повторно беше поразен.

Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните за неговата фатаморгана дека има мнозинство и ќе стане премиер.

Неговите нечесни лаги се распрнаа како меур од сапуница, Мицкоски доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев.

Почитувани,

Поразите на Мицкоски, многу на број, се показател дека со блокади, опструкции, работа на штета на граѓаните не може да успее.

Очекуваме, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го прекинат синџирот на деструктивните желби на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата.

 
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ