Кузеска: Анкетата на Брима потврди, СДСМ е победник на локалните избори
Успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет се препознаени од страна на граѓаните.
Тоа е потврдено со бројни релевантни испитувања на јавното мислење.
Последно во низата е испитувањето на „Брима“ каде СДСМ има стабилно и солидно водство пред ВМРО-ДПМНЕ и другите политички субјекти.
На прашањето „доколку денеска се одржат парламентарни избори за која политичка партија или коалиција би гласале?“ 19,5 отсто од испитаниците се изјасниле за СДСМ а 17,5 отсто а за ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и натаму е политичар со најголема доверба од граѓаните со рејтинг од 11,8 отсто, додека Христијан Мицкоски има само седум отсто.
За првпат откако Брима ги прави својот политички Барометар, односно од 2005 година, ВМРО-ДПМНЕ има најслаб резултат на овие анкети.
Тоа само потврдува дека граѓаните се силно против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните прават јасна разлика помеѓу одговорното, отчетно и домаќинско работење на СДСМ и деструктивното антинародно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДСМ се бори за правда, за да нема недопирливи пред законите, ВМРО-ДПМНЕ брани криминалци, додека СДСМ креира и реализира економски мерки за помош, ВМРО-ДПМНЕ истите ги блокира.
СДСМ ја зголеми минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за 100 отсто, СДСМ се бори за изградба на нов Клинички центар, ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокира.
Граѓаните не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат назад во времето на режимот, изолацијата и поделбите, граѓаните сакаат да продолжи развојот и напредокот на општините и државата со СДСМ.
Затоа, на овие локални избори граѓаните масовно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концепт на нови инвестиции за локален економски развој.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот концепт на лажни вести и дезинформации, уште еднаш ќе бидат поразени.
Портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто