Балкан
14. March 2017 - 17:44

Куртумлуш: Можно е Турција да воведе економски санкции за Холандија

Турција може да воведе економски санкции за Холандија изјави вицепремиерот Нуман Куртумлуш, ден откако Анкара презеде серија санкции на високо дипломатско ниво против Холандија во рамкии на се подлабок конфликт меѓу двете држави.

Куртумлуш во интервју за Си-Ен-Ен Турк додаде дека Анкара нема да го отповика својот амбсадор во овој период.

Турција е незадоволна од одлуките на холандските власти и на германските власти да забранат на нивни министри да учествуваат на митинзи во странство за да агитираат до Турците, кои живеат таму да гласаат на референдумот во април за поголеми овластувања на претседалот Реџеп Таип Ердоган.