Фудбал
28. December 2017 - 13:25

Куртоа сака да се врати во Мадрид но во Реал

Еден од најдобрите голмани на денешницата Тибо Куртоа има голема желба да се врати во Мадрид, но не и во редовите на Атлетико чиј дрес успешно го носеше  од 2011 до 2014 година, но во редовите на европскиот првак , каде што го чека "загарантирано " место на прв голман наместо Кејлор Навас.
Курто инсистира на трансфер во Реал, бидејќи неговите деца растат во Мадрид и затоа го одложија потпишувањето на нов договор со Челзи.
 
Обврските кон Челзи се до  летото 2019 година, Челзи планира да го задржи, но 25-годишниот Белгиец е решен да ја гради иднината во Шпанија.
 
Курто е шестгодишен член на Челзи, меѓу кои три споменати на позајмица во Атлетико, а тој исто така бранеше и за Генк.