Курти за РТШ: Албанија и Косово да се обединат како конфедерација
Лидерот на косовското движење Самоопределување Албин Курти ја повтори својата политичка цел за национално обединување на Албанците, додавајќи дека овој проект не е во конфликт со оној на Европска унија.
- Никако не сум против ЕУ, напротив. Јас сум голем адвокат на ЕУ и мислам дека ЕУ треба да биде заштитена. Мислам дека стабилен, траен мир го носи името на Европската унија. И во стабилен мир имаме внатрешен антифашизам. Но, исто така сум адвокат за држава на благосостојба, која го комбинира економскиот раст со социјалната правда, изјави Курти гостувајќи во емисија на Албанската државна телевизија (РТШ).
Иако за проектот на Самоопределување за обединување на Албанците има пречка во Уставот на Косово, а исто така не ја ужива поддршката и на меѓународната заедница, Албин Курти има варијанта што може да се реализира пред да се пристигне во ЕУ.
- Во еден преоден период, да станеме конфедерација или федерација. Јас нема да бидам против такво решение, туку во секој случај само како преодна фаза. Доколку ги забрзаме чекорите за обединување и ако тие бидат посериозни и поискрени од досега, тогаш нашето обединување може да се случи пред ЕУ, попсочи Курти.
Неодамна за тиранската телевизија Топ чанел,Курти изјави дека и многу Албанци во Албанија го посакуваат обединување, за што, според него, треба да се спроведе референдум „и нека одлучат граѓаните“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово