Балкан
19. July 2018 - 9:11

Курти за РТШ: Албанија и Косово да се обединат како конфедерација

Лидерот на косовското движење Самоопределување Албин Курти ја повтори својата политичка цел за национално обединување на Албанците, додавајќи дека овој проект не е во конфликт со оној на Европска унија.

- Никако не сум против ЕУ, напротив. Јас сум голем адвокат на ЕУ и мислам дека ЕУ треба да биде заштитена. Мислам дека стабилен, траен мир го носи името на Европската унија. И во стабилен мир имаме внатрешен антифашизам. Но, исто така сум адвокат за држава на благосостојба, која го комбинира економскиот раст со социјалната правда, изјави Курти гостувајќи во емисија на Албанската државна телевизија (РТШ).

Иако за проектот на Самоопределување за обединување на Албанците има пречка во Уставот на Косово, а исто така  не ја ужива поддршката и на меѓународната заедница, Албин Курти има варијанта што може да се реализира пред да се пристигне во ЕУ.

- Во еден преоден период, да станеме конфедерација или федерација. Јас нема да бидам против такво решение, туку во секој случај само како преодна фаза. Доколку ги забрзаме чекорите за обединување и ако тие бидат посериозни и поискрени од досега, тогаш нашето обединување може да се случи пред ЕУ, попсочи Курти.

Неодамна за тиранската телевизија Топ чанел,Курти изјави дека и многу Албанци во Албанија го посакуваат обединување, за што, според него, треба да се спроведе референдум „и нека одлучат граѓаните“.