Курт Расел случајно уништил гитара стара 145 години
Глумецот Курт Расел за време на снимањето на филмот „The Hateful Eight“ на Квентин Тарантино, случајно уништил гитара стара 145 години, артефакт со непроценлива вредност позајмен од музејот „Мартин Гитар“.
Во филмот Џон Рут, кој го толкува Расел, ја зема гитарата од Дејзи (Џенифер Џејсон Ли) и ја крши.
Ужасот кој се гледа во филмот на лицето на Ли, како што пренесуваат американските медиуми, не е последица на нејзината глума, туку на фактот дека Расел во таа сцена уништил 145 години стар музејски експонат, а не копијата на гитарата која требала да го замени вредниот предмет.
Директорот на музејот „Мартин Гитар“, Дик Блоак, бил запрепасетен кога дознал што се случило со гитарата која е рачно изработена во 70-те години на 19-от век.
- Известени сме дека се случил инцидент на снимањето. Сфаќаме дека се случуваат такви работи, но сепак не можеме тоа лесно да го прифатиме, изјави Блоак.
Сцената со уништување на гитарата ја има во сценариото, но изгледа дека на Расел никој не му кажал дека станува збор за артефакт со непроценлива вредност.
Музејот одлучил повеќе никогаш да не позајми гитара за потребите на филмската индустрија.
- Не можеме да верувам дека тоа се случило. Ништо не може да го поправи ова, Не се работи за пари, туку за зачувување на американската музика и наследството, нагласи Блоак.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање