Македонија
16. July 2020 - 16:55

Куршум завршил во гласачко место додека се броеле гласови

Вчеравечер околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ“, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Центар, синоќа околу 22.15 часот С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на ул.„Мирослав Крлежа“, се слушнало пукање од огнено оружје, а проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициското одделение Сарај, В.Д. од Сарај синоќа околу 22.20 часот пријавил дека на ул.„10“, на неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.