Македонија
26. May 2016 - 17:01

КУРИР: Заев потврди дека стои зад шарената револуција

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги предводеше ВЧЕРАШНИТЕ протести во Скопје на кој повторно со боја се уништуваше фасадата на министерството за Правда.

За опозицискиот лидер уништувањето на објектите и спомениците е перформанс.

-Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа Шарена револуција беше чин на солидарност кон сите овие другари и другарки коишто се под мечот на неправдата и репресијата на оваа власт, рече Заев.

Рамо до рамо со Заев во вандалскиот чин учествуваше и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска како и Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Стефан Богоев, а боја фрлаше и ЛИДЕРОТ НА ПЕИ Фијат Цаноски.

Иако до сега СДСМ сакаше да создаде слика дека таканаречената револуција е израз на граѓанско незадоволство а не партиска стратегија, според порталот Курир, по појавувањето на Заев на протестите сите маски се паднати И јасно е дека се работи за партиска стратегија која според проценките донела штета од преку 200.000 евра на објекти кои се во државна сопственост.

Според порталот, станува очигледно и дека СДСМ и Зоран Заев се одговорни и за палењето на канцеларијата на претседателот Иванов.

Во исто време, Нетпрес го продолжува истражувачкиот серијал со кој се демаскираат демонстрантите на СДСМ. Според наодите на порталот, стотици активисти инкасирале огроми суми за да учествиваат на протестите.

До сега никој од оние за кои беа ставени на тапет не ја негираше сумата која ја добил.

- Тоа доведе до брутално и отворено коорумпирање на општеството, движење на црни пари за рушење на демократска власт. Сорос не е единствениот играч на терен, присутна е и агенцијата Канвас која организира насилни преврати во светот– пишува порталот.