Македонија
25. April 2016 - 17:15

КУРИР: Сопругот на Шекеринска исто како и Заев за „Глобал“ и Верушевски за „Пуч“ не поднел барање за повлекување на амнестијата

Сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, не поднел барање за повлекување на аболицијата од претседателот Иванов. Исто како и прво-обвинетиот во ПУЧ “Зоран Верушевски“ и лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот “Глобал“, дознава порталот Курир.

Јанковски заработи кривична пријава од МВР за затајување данок преку издавање на станови кои се во негова сопственост и сопственост на неговото семејство на име на неговата фирма. Преку овие дејствија за 5 години, според МВР, Јанковски проневерил над 300.000 евра. За ова дело сопругот на Шекеринска беше аболиран од претседателот Иванов но за разлика од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и некои од функционерите на СДСМ тој не побарал претседателот да ја повлече аболицијата.

Очигледно аболицијата му годи и на првообвинетиот во “Пуч“ Зоран Верушевски кој се товари за шпиунажа и насилилство врз високи државни институции но и за нелегално поседување на оружје. И верушевски како и Јанковски не поднел барање за повлекување на аболицијата. Аболицијата ја прифати и неговиот агент Ѕвонко Костовски кој беше осуден за шпиунажа преку на 3 години затвор преку спогодба, затоа што соработуваше и го призна делото.

За Курир симптоматично е и тоа што опозицискиот лидер Зоран Заев поднесе барања за повлекување на аболициите од Иванов и побара да продолжат судските процеси против него, но не побара да продолжи и процесот за случајот “Глобал“, во кој Заев се товари за проневера на околу 8 милиони евра општински пари.