Македонија
23. July 2015 - 17:33

Kурир: Шекеринска без кредибилитет кај гласачите се уште на врвот на СДСМ

Промовирани неколку  книги кои се напишани од перото на  македонски иселеници. На денешната заедничка средба група македонци кои живеат далеку од татковината ги презентираа своите творештва кои ги создаваат за да се зачуваат и негуваат македонскиот јазик, традиција, фолклор и култура. Нивниот труд го реализираше агенцијата за иселеништво на РМ. Книгите  велат се огледало на нивната душа, чувари на нивниот идентитет и столб за макенското  поколение.

 Иселеничката културна средба се одржува по 4ти пат на барање на иселениците. Преку пишувањето и творењето тие ги учат своите деца да го зборуваат и одржуваат македонскиот јазик. На средбата присуствуваат иселеници од Сиднеј, Мелбурн, Берлин Гетебург, Осијек.

Покрај книгите, презентираа и  резултати од 40 годишната настава на македонски јазик во Канада и Словенија и 55 јубилеј  од формирањето на Ансамблот „Македоника“ од Торонто.