Македонија
11. December 2015 - 17:01

Курир: Нов мебел и нови луѓе кај Спасовски

Расипничко однесување на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ангажирал советници кои примаат околу 1000 евра  месечно и купувал скап мебел– открива порталит Курир.

На Фотографиите кои ги објави Курир се геда дека се набавувал нов мебел за канцалераиите на советниците на Спасовски. Претходно, како што пишува порталот, СДСМ жестоко го напаѓаше секој буџет ветувајќи дека ставките за набавка на мебел ќе се стават на нула. По влегувањето во власта, опозицијата не само што не ја прекина праксата да набавува мебел туку ги зголеми набавките.

Како што дознава Курир, платите на новоизбраните советници на Спасовски изнесувале околу 60,000 денари, а нивниот број се зголемува од ден во ден. Последен пример е Горан Трајковски кој од друга позиција бил распореден на советничко место.

За набавката на мебел и новите вработувања, засега има молк од МВР.