Македонија
29. February 2016 - 16:50

Курир: Дали поради јахтата на Шекеринска, не бил урнат хангарот во кој таа била чувана?

Дали поради јахтата на Шекеринска не се урива дивиот хангар во Кисела Вода? – Прашува порталот Курир. Синоќа Телевизијата Нова, објави видео снимка на која се гледа како јахтата “Ада“ во која летово уживаше фамилијата на Шекеринска се транспортира низ Скопје.

Според информациите на телевизијата, оваа Јахта се чувала во хангарот на компанијата “Пелагоднија“ која е во стечај а е во сопственост на фамилијата Пановски кои според информациите на Нова се многу блиски со Шекеринска.

Да биде ситуацијата уште поинтересна, оваа Јахта која се транспартирала во доцните ноќни часови не е заведена во анкетниот лист на Шекеринска.

Скандалите не застануваат овде, според  документите до кои стигнале од Нова, хангарот кој е сместен во скопската Општина Кисела Вода во кој се криела Јахтата заедно со уште неколку луксузни возила е дивоградба.

Од општина Кисела Вода го потврдуваат ова, велат дека тие простории се дивоградба но од МВР сеуште не испратиле асистенција за уривање на дивоградбата, што според Курир е заради заштита на објектот во кој шекеринска го чува луксузното пловило.

- Би сакале да ве информираме дека до полицијата е поднесено барање за асистенција за рушењето на постојните хангари. Нашите инспекциски служби и дополнително одговорија на повикот од службите на МВР за дополнително дообјаснување на случајот и во моментов се чека на нивниот одговор, кој согласно законот треба да пристигне овие денови, велат од Општина Кисела Вода.